Јувентус почна преговори со Киеза

Јувентус ги почна преговорите со крилниот играч Федерико Киеза за продолжување на соработката. Неговиот актуелен договор до 2025 година, а директорот на клубот Кристијано Џунтоли денеска имал средба со агентот Фали Рамадани, и двете страни официјално почнаа преговори за нова соработка.

Клубот сака да потпише нов договор во следните месеци, за да не стигне летоска да му остане само една година од договорот, и така да се зголемува интересот на големите клубови.

Со сегашниот договор, италијанскиот репрезентативец заработува 5 милиони евра по сезона, а со сигурност платата ќе му биде зголемена.

Се вчитува...