„Старата дама“ започна преговори со Наполи за трансфер на Калиду Кулибали. Јувентус е во напредни преговори со Челси за трансфер на Матијас де Лихт, а прва желба за негова замена е Кулибали од Наполи.
Според „Газета дело Спорт“, Сенегалецот ќе го напушти Наполи ова лето. Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба. Раководството на Јувентус вчера имало средба со неговиот агент и постигнале начелен договор за 3-годишна соработка и плата од 6,5 милиони евра по сезона.
30-годишниот Кулибали е подготвен да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата. „Бјанконерите“ се спремни да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис, но Наполи во моментов се обидува да го продаде надвор од Серија А и не сака да го даде на директен конкурент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА