Јувентус е подготвен да и понуди на Бенфика вкупно 120 милиони евра за младата ѕвезда Жоао Феликс.
19-годишниот офанзивец на Бенфика е веќе цел на голем број европски гиганти. Низ актуелнава сезона одигра 28 натпревари постигнувајќи 11 погодоци во сите натпреварувања, дополнувајќи со шест асистенции.
Шпански „Ас“ пренесува дека Јувентус има „пол позиција“ кога е во прашање доведувањето на Феликс. Спортскиот директор на Јуве, Фабио Паратици веќе имал преговори со претседателот на Бенфика, но и со агентот на фудбалерот, Хорхе Мендеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА