Напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората, ќе го напушти тимот по завршувањето на сезоната. Шпанскиот репрезентативец настапува за „бјанконерите“ како позајмен од Атлетико Мадрид, но торинскиот гигант веќе и официјално гo известил клубот од „Ванда Метрополитано“ дека нема да ја искористи опцијата за купување на Мората.
Во договорот меѓу двата клуба има клаузула која му овозможува на Јуве да го привлече 29-годишниот фудбалер за 35 милиони евра. Сепак, „старата дама“ нема да ја активира.
Мората најверојатно нема да остане ниту во Атлетико Мадрид, туку ќе се бара друга солуција каде ќе ја продолжи кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА