Јувентус прокоцка предност од два гола за реми со Удинезе на стартот од Серија А (ВИДЕО)

Јувентус со реми (2-2) на гостувањето против Удинезе ја почна новата сезона во Серија А откако во првото коло испушти огромна можност за три бода. „Старата дама“ имаше предност од 0-2 на полувремето, но дозволи домашните со два гола во вториот дел да дојдат до бод.

Јуве, кој мечот го стартуваше без Кристијано Роналдо, предност од 0-2 имаше по само 23 минута.

Најпрво Дибала погоди уште во 3. минута, а потоа Куардадо во 23. минута зголеми на 0-2.

Удинезе намали на 1-2 со голот на Переира во 51. минута, а откако Роналдо влезе во игра во 60. минута кај гостите од Торино, домашните со голот на Делофеу во 83. минута дојдоа до реми.

Се вчитува...