Јувентус промаши пенал и остана без победата над Сасуоло (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус направија нов „кикс“ во битката за местата кои носат во Лигата на шампионите идната сезона, откако одиграа само нерешено 1:1 во пресметката против Сасуоло на домашен терен.

Се добро почна за Јувентус, откако Јилдиз уште во 14. минута со убав гол донесе предност за „бјанконерите“. Во 41. минута Калулу не реализираше „златна шанса“. Шутираше само за малку крај голот.

Во 52. минута стигна казната преку Пинамонти кој со помош на стативата го совлада Перин и донесе израмнување.

Јувентус имаше супер шанса во 87. минута, откако беше досуден пенал по играњето со рака на Идзес во шеснаесетникот. Но, ударот на Локатели го одбрани голманот на гостите Муриќ, и така фаворитот остана без трите бода.

Се вчитува...