Јувентус првпат после 1963 година доби капитен кој не е Италијанец

После отстранувањето на Леонардо Бонучи од првиот тим, Јувентус во новата сезона ќе има и нов капитен. За првпат после 1963 година, тимот од Торино добива играч кој не е Италијанец со капитенската лента.

Стручниот штаб одлучи тоа да биде бразилскиот интернационалец Данило, кој ќе ја носи лентата и ќе го замени Бонучи во оваа улога.

Во последните години капитените на Јувентус беа легенди на италијанскиот фудбал. Пред Бонучи, таа улога ја имаше Кјелини, претходно Буфон, Дел Пјеро, Конте, Виали, Баџо…

Се вчитува...