Италијанскиот првак Јувентус сака да го купи Бразилецот Маркињос од ПСЖ како засилување за одбранбената линија во тимот. Раководството на „Старата дама“ е во интензивна потрага по нов тренер, но напоредно веќе ги планира и засилувањата за следната сезона.
Маркињос треба да ја засили конкуренцијата во последниот дефанзивен ред, каде што се Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи и Даниеле Ругани. Ветеранот Андреа Барѕалји отиде во пензија, а Ромеро ќе игра во Џенова како позајмен играч, што отвора простор за уште еден квалитетен одбранбен фудбалер да пристигне во Торино.
Јувентус е подготвен за Маркињос да плати 50 милиони евра и да го врати во Серија А, каде тој претходно го носеше дресот на Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА