Порто ја одби новата понуда на Јувентус за Франциско Консеисао. Тимот од Торино сака повторно да го изнајми крилниот напаѓач со задолжителна откупна клаузула од 27-28 милиони евра, додека „Змејовите“ имаат намера веднаш да го продадат 22-годишниот португалски репрезентативец.
Консеисао минатата сезона ја мина како позајмен во Јувентус, и имаше добри настапи, по што италијанскиот тим сега сака одново да го има во своите редови и за идната сезона.
Меѓутоа Порто инсистира перманентна продажба на играчот, кој има договор до 2029 година. Се споменува цифра од 30 милиони евра, но прашање е дали Јувентус е подготвен на ваква понуда.
Ако двете страни не се договорат, тогаш на 15. јули Консеисао треба да се врати во Порто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

