Јувентус само до бод во Бергамо, Дибала утна пенал за победа

Италијанскиот првак Јувентус не е веќе стопроцентен во Серија А, откако ремизираше на гости против Аталанта (2-2) во седмото коло од шампионатот. „Старата дама“ имаше можност за победа, но Пауло Дибала не искористи пенал во 84.минута. Голманот Бериша го одбрани неговиот удар.

Почетокот не најавуваше таков развој на настаните. Јувентус поведе со 0-2, со головите на Бернардески во 21.минута и на Игуаин во 24.минута.

Калдара намали само седум минути подоцна, а многу возбуда донесе израмнувањето на Кристанте во 69.минута. Јувентус се обиде повторно да поведе, но домаќинот успеа да се одбрани.

По седум кола во италијанскиот шампионат, единствено Наполи има максимален ефект од 21 бод, а Јувентус има 19, исто како и Интер.

Се вчитува...