Фудбалерите на Јувентус обезбедија место во Лигата на шампионите следната сезона откако завршија на четвртото место во Серија А.
Пред последното коло, екипата на Игор Тудор имаше бод предност пред Рома, а со победа од 2-3 над Венеција, вечерва во последното коло, успеа да го зачува местото кое носи во ЛШ.
Веќе во втората минута, Венеција поведе преку Фила, но по нешто повеќе од половина час игра, Јувентус успеа да направи пресврт со головите на Јилдиз и Коло Муани.
Ново израмнување следеше во 55. минута кога Хапс постигна гол за домаќините, а во тие моменти Рома имаше водство од два гола против Торино и беше јасно дека оди кон победа.
Мануел Локатели го спаси Јувентус од „белата точка“ во 73. минута, а резултатот не се промени до крајот на разочарување на навивачите на Рома и нивниот тренер Клаудио Раниери, чиј натпревар против „биковите“ беше негов 500-ти како тренер во Серија А.
Покрај Јуве, во Лигата на шампионите одат и шампионот Наполи, Интер и Аталанта. Рома ќе оди во Лигата на Европа, а Фиорентина во Лигата на Конференциите.
Лацио остана без учество во Европа следната сезона, кој доживеа неочекуван пораз во последното коло од Лече. Единствениот гол на тој натпревар го постигна Кулибали по асистенција од Крстовиќ.
Монца, Венеција и Емполи се селат во Серија Б.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

