Јувентус се намачи за три бода против Пиза (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус дојде до победа на гостувањето кај Пиза со 0-2, и покрај неубедливата и бледа партија на тимот од Торино. По првиот дел избраниците на Спалети дури можеа и да губат, откако Пиза ја погоди пречката, но во второто полувреме се промени сликата на нешто подобро.

Најпрво Јувентус ја погоди стативата, а потоа во 73. минута Калулу го постигна водечкиот погодок. И кога се беше решено, Јилдиз во судиското надополнување само стави точка на  трите бода.

Јуве со овие три бода сега има 32 на третото место на табелата, но и два меча повеќе од Наполи кој има еден бод помалку.

Се вчитува...