Јувентус се откажа од трката за Виктор Осимен. Според инсајдерот Алфредо Педула, поради веројатното заминување на спортскиот директор Кристијано Џунтоли, клубот од Торино повеќе не ја разгледува можноста за потпишување на договорот со напаѓачот на Наполи.
Ал-Хилал покажува интерес за Осимен , подготвен да му понуди на играчот богат договор со цел да го привлече на Блискиот Исток. Понудата најверојатно ќе биде прифатена.
Договорот на Нигериецот вклучува клаузула за откуп од 75 милиони евра, која ќе важи само за клубови надвор од Серија А во овој преоден рок.
26-годишниот Осимен ја помина минатата сезона на позајмица во Галатасарај , постигнувајќи 26 гола и запишувајќи пет асистенции во 30 натпревари од турското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

