Пол Погба најдоцна за десет дена ќе го извести раководството на Манчестер Јунајтед за своите планови за иднината, дали е решен да си замине од „Олд Трафорд“ или би можел да остане и да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“. Французинот често беше критикуван низ годините за индиферентноста што ја покажува на теренот, но блесна во последниот период во тандем со Бруно Фернандеш.
Јунајтед сака да го задржи Погба, но проблем претставува фактот што неговиот договор истекува во јуни 2022 година, па доколку нема шанси за продолжување, гигантот од Манчестер ќе биде принуден да го продаде летово. Погба еднаш веќе си замина гратис од Јунајтед, во 2012 година во Јувентус, по што ја лансираше својата кариера и неколку сезони подоцна се врати за отштета од 100 милиони фунт. Англискиот премиерлигаш нема намера да ја повтори истата грешка, па доколку Погба соопшти дека нема намера да биде продаден, фантастичниот играч за врска ќе биде продаден.
Покрај останувањето во Манчестер, втора опција за Погба е преселба во ПСЖ. Во трката за негов ангажман долго беше и Јувентус, но „старата дама“ се соочува со огромна финансиска криза и нема шанси да ги задоволи неговите барања за плата од над 20 милиони евра по сезона, плус бонуси. Оваа сума е прифатлива единственo за францускиот гигант, за кого парите воопшто не се проблем во последните десетина години, по доаѓањето на катарските газди на чело на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА