Јувентус се посрамоти на контролата со Нирнберг (видео)

Тијаго Мота го очекува многу работа за да внесе победнички менталитет во таборот на Јувентус, тоа беше очигледно и на денешниот контролен меч со Нирнберг што „старата дама“ го загуби со убедливи 3-0.

Првиот контролен натпревар мина во слабо издание на најтрофејниот италијански клуб, кој по првото полувреме се најде во негатива од 1-0, резултат при кој Душан Влаховиќ не реализираше пенал што можеше да донесе израмнување.

Казната стигна во самиот финиш, па така Форкел во 87. минута зголеми на 2-0, пред Јанич во 89. минута да ги постави конечните 3-0 за германскиот второлигаш.

Се вчитува...