Италијанскиот репрезентатвец Федерико Кијеза изрази желба да ја промени средината ова лето и по четири години поминати во редовите на Јувентус да замине од клубот.
Со оглед на тоа што 26-годишникот влегува во последната година од договорот и Јувентус е подготвен за неговото заминување, а за да не остане без денар од негов трансфер сега „старата дама“ е решена и да ја преполови цената која бараше за неговите услуги, пренесуваат италијанските медиуми.
Јувентус инсистираше на трансфер вреден 30 милиони евра, но сега ќе се задоволи и со само 15 милиони евра. Најзаинтересирана за негов ангажман останува Рома, а и самиот фудбалер нема ништо против за преселба во главниот град на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА