И покрај тоа што пред неколку дена се појави информација дека ќе биде ставен на трансфер листа, сепак, играчот на Јувентус Вестон МекКени останува верен на клубот од Торино.
Тој веќе ги договорил сите услови за нов договор, и само треба да биде официјализирано. Американецот потпиша договор до 2026 година.
25-годишниот МекКени дојде во Јувентус во 2020 година од Шалке, најпрво како позајмен, а потоа со перманентен договор. Минатата година мина на позајмица во Лидс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА