Јувентус се прости од Пирло – Андреа ти благодариме за се! (ВИДЕО)

Андреа Пирло веќе не е тренер на Јувентус, потврдија од италијанскиот калчолигаш. Тој на клупата на тимот од Торино седна на стартот на сезоната, а и покрај освојувањето на Суперкупот и Копа Италија од раководството решија да го раскинат договорот бидејќи не успеа да ја одбрани титулата во Серија А.

„Андреа ти благодариме за се“, стои во соопштението од Јувентус. 

Во следните неколку часа се очекува и официјално Масимилијано Алегри да биде промовиран во нов тренер на „старата дама“.

 

Се вчитува...