Јувентус конечно врза две победи во серија во Калчо-лигата откако „старата дама“ славеше на денешниот меч со Сампдорија со 3-2. Сепак, Масимилијно Алегри се соочува со нови проблеми по овој натпревар бидејќи Пауло Дибала заработи нова повреда поради која Аргентинецот повторно го очекува извесен период надвор од терените.
Токму Дибала го одбележа почетокот на овој натпревар, откако со прекрасен удар од работ на шеснаесетникот го доведе Јуве во водство. Кон средината на првото полувреме тој мораше да биде заменет со Кулушевски, а Јувентус пред крајот на полувремето постигна и втор гол, со пеналот на Бонучи. Тоа сепак не беше резултатот со кој се замина на одмор бидејќи гостите во 44. минута намалија на 2-1 преку Јошида.
Локатели повторно го донесе Јувентус на „плус два“ откако реализираше од непосредна близина на асистенција на Кулушевски, а конечните 3-2 во судиското продолжение ги постави Кандрева во 83. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА