Јувентус се спаси од второ одземање на бодови поради неправилна работа на сега веќе сменетата управа на „старата дама“, откако обвинителството постигна договор со најтрофејниот италијански клуб околу скандалот со лажирање на висините на платите и на исплатените провизии кон агенти.
„Црно-белите“ можеа да добијат нова бодовна казна, поради што решија да ја признаат вината. Во договор со обвинителот Џузепе Кине, кој беше обвинител и во првиот случај против нив, за возврат за признаената вина Јувентус доби само парична казна, и тоа во висина од 718.000 евра. Судот денеска и официјално го прифати постигнатиот договор меѓу обвинителството и обвинетиот Јувентус, по што „старата дама“ и дефинитивно се спаси од нови посериозни санкции.
За разлика од клубот, екс-претседателот Андреа Ањели одби да признае вина за огромниот скандал, што ќе значеше продолжување на неговата суспензија. Поради ова, судот го одреди 15 јуни како датум за почеток на судскиот процес поради поранешниот прв човек на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА