Италијанскиот првак Јувентус е заинтересиран за младиот српски напаѓач, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој имаше одлична сезона во дресот на Лацио. Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри смета дека тој би претставувал светла иднина за клубот и заедно со Аргентинецот Пауло Дибала и Хрватот Марко Пјаца, би сочинувале пеколно трио во наредните неколку години.
22-годишниот фудбалер неодамна го продолжи договорот со Лацио, а новата отштетна клаузула за него изнесува 50 милиони евра. Јувентус ќе се обиде да ја спушти оваа цена со интензивни преговори, па можно е Србинот до почетокот на сезоната да се пресели во Торино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА