Јувентус наскоро ќе се засили од редовите на Милан, пренесуваат италијанските медиуми. Станува збор за трансфер на дефанзивецот Пјер Калулу за чиј премин во редовит на „старата дама“, „росонерите“ веќе дале зелено светло.
Трансферот се очекуваа да биде позајмица со опција за откуп на договорот со тоа што Јувентус за самата позајмица ќе плати три милиони евра, а на крајот на сезоната уште 14 доколку се одлучи да го откупи неговиот договор.
Какулу изминатата сезона имаше проблем со повреди поради кои настапи на само 11 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА