Јувентус Серава го освои трофејот во Купот на Македонија во футсал

Футсал тимот на Јувентус Серава славеше против Гемиџии 1903 и го освои пехарот во Купот на Македонија. На финалниот натпревар во Гостивар, Јувентус со 4-1 го совлада тимот на Гемиџии 1903.

Ељеса Незир уште во втората минута го постигна водечкиот гол за Јувентус, а предноста ја удвои Јакуп Рамадан во осмата минута за 2-0. Тимот на Гемиџии 1903 во 19. минута ја врати неизвесноста и преку Александар Михајлов намали на 2-1. Тоа беше резулат на полувреме.

Во вториот дел, Јувентус ја потврди фаворитската улога и со два нови погодоци на Ељеса Незир во 27. и 39. минута ја запечати победата и го славеше трофејот во Купот на Македонија.

Двата тима прв пат се соочија во битка за пехарот во Купот на Македонија.

КМФ ГЕМИЏИИ – КМФ ЈУВЕНТУС Серава 1-4 (0-2)

Финале Куп на Македонија. Спортска сала Гостивар.

КМФ ГЕМИЏИИ: Марјан Трпков, Адил Адиловиќ, Жарко Спасовски, Александар Михајлов, Владимир Нанев, Методија Костов, Ратко Јовановски, Јосиф Манасиев, Сашко Јовановски, Саше Димов, Христијан Јовановски, Ален Плакиќ, Благој Левков, Никола Саздовски.

КМФ ЈУВЕНТУС Серава: Бурхан Идризи, Јакуп Рамадан, Џељал Мјаку, Ељеса Незир, Еркан Шабани, Бујар Буќи, Али Решат, Бесник Љатифај, Енес Јусуфи, Мевран Османи, Пајтим Реџепи, Самир Вели, Осман Мустафа

Се вчитува...