Јувентус скапо ќе го плати отказот на Мота

Отказот на Тиаго Мота ќе го чини Јувентус неколку десетици милиони евра. Според „Калчомеркато“, вкупните трошоци ќе изнесуваат околу 20 милиони евра, вклучувајќи го целиот персонал кој работеше со Мота.

Истовремено, важно е Јувентус да влезе во Лигата на шампионите. Учеството на турнирот следната сезона ќе му донесе на торинскиот тим најмалку 50 милиони евра. 

Јуве моментално е на петтото место во Серија А, со еден бод помалку од местата во Лигата на шампионите. Тимот ги загуби последните два меча тешко – 0:4 од Аталанта и 0:3 од Фиорентина.

Игор Тудор, кој веќе беше и како играч и како тренер во Јувентус, вечерва ќе пристигне во Торино и ќе потпише договор до крајот на сезоната, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона, ако клубот обезбеди излез во ЛШ идната сезона.

Се вчитува...