Јувентус со голот на Калулу во 96. минута се спаси од пораз од Лацио (ВИДЕО)

Јувентус со гол во 96. минута успеа да се спаси од пораз пред своите навивачи во пресметката со Лацио во 24. коло од Серија А.

На крај, „Старата дама“ со голот на Калулу во шестата минута од судиското продолжение успеа да дојде до 2-2, откако претходно „лацијалите“ имаа водство и од 0-2 се до 60. минута од средбата.

Лацио поведе со голот на Педро во 45. минута, потоа Исаксен во 47. минута донесе водство и од 0-2 за Лацио.

Но, Јувентус намали со голот на Мек Кини во 60. минута, а конечни 2-2 донесе Калулу во 96. минута.

Се вчитува...