Јувентус со лекција за Наполи, Елмас одигра 70 минути (ВИДЕО)

Јувентус му одржа фудбалска лекција на Наполи во 22. коло од Серија А, победувајќи со убедливи 3-0.

„Старата дама“ поведе уште во првото полувреме со голот на Канаѓанецот Дејвид во 22. минута.

Во второто полувреме, Јилдиз во 77. минута зголеми на 2-0, а Костиќ во 86. минута ги постави конечните 3-0.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одигра 70 минути на дуелот кога беше заменет од Џоване.

Се вчитува...