Јувентус со минимални 1-0 го совлада тимот на Леч во 6. коло во Серија „А“ и се извади за оној пораз од Саусоло пред неколку дена од 4-2.
„Старата дама“ го скрши отпорот на противникот дури во вториот дел, а херој беше Аркадиуш Милик во 57. минута. Овојпат Алегри се реши да почне без Душан Влаховиќ, кој доби многу критики после средбата со Сасусоло.
На крајот Лече остана и со играч помалку, откако Каба доби црвен картон поради симулирање на најстрога казна во судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА