Италијанскиот првак Јувентус го совлада Порто со 0-2 на гости и направи огромен чекор напред кон четвртфиналето во Лигата на шампионите. Португалскиот тим рано остана со играч помалку поради исклучувањето на Алекс Телјес, а „старата дама“ тоа знаеше да го искористи. Во второто полувреме, Марко Пјаца и Дани Алвеш, двајца фудбалери кои тренерот Алегри ги внесе од клупата, постигнаа два гола за сигурен триумф и огромна предност пред реваншот што ќе се игра во Торино.
All Goals & highlights HD – FC Porto 0-2… by 87taras
Севилја обезбеди предност од 2-1 против англискиот првак Лестер. Кореа прво не реализира пенал, па потоа Сарабија ја затресе мрежата на Лестер. Во вториот дел, Кореа сепак се запиша во листата на стрелците и донесе предност од 2-1. Сепак, Лестер ги зголеми надежите за пласман понатаму со погодокот на Џејми Варди во 73.минута од средбата.
All Goals & Highlights HD – Sevilla 2-1… by arcturusmedia33
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА