Јувентус со пресврт до убедлива победа против Емполи (ВИДЕО)

Јувентус триумфираше со убедливи 4-1 против Емполи во 22. коло од Серија А.

Гостите први поведоа на натпреварот со погодокот на Де Шиљо уште во 4. минута од средбата.

Но, потоа во второто полувреме се беше во знакот на „Старата дама“ која со два гола на Коло Муани во 61. и во 64. минута дојде до целосен пресврт.

Влаховиќ во 90. минута и Консеисао веднаш потоа заокружија за конечни 4-1.


Се вчитува...