Јувентус доставил понуда од 40 милиони фунти за крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд , тврди „Дејли мејл“. Според изданието, ова не е прва понуда од италијанскиот клуб, бидејќи двете страни се во преговори веќе подолго време. На крајот „бјанконерите“ решија дека оваа понуда ќе биде доволна за 20-кратниот шампион на Англија да го пушти фудбалерот во Торино.
Иако оваа понуда ги задоволува барањата на „црвените ѓаволи“, Јунајтед нема да брза да ја прифати, бидејќи на „Олд Трафорд“ сака да чека евентуални понуди од други кандидати.
Според „Дејли Мејл“ и Наполи е во трката за Гринвуд, но и неколку други клубови. Се споменуваше и Барселона, но по назначување на Ханс Флик, вниманието е насочено кон други играчи, како Џошуа Кимих од Баерн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА