Јувентус како најтрофеен клуб на Апенинскиот полуостров за многумина важи за италијанска фудбалска гордост, па токму затоа изненадувачки е податокот дека на денешниот дуел со Атлетико Мадрид од единаесетте стартери на „црно-белите“ само еден е домашен играч.
Таа чест ќе ја има Леонардо Бонучи, кој останува „последен мохиканец“ во ситуација кога се повредени Кјелини и Де Шилјо, а Сари не смета сериозно на Бернардески. Ова е прв натпревар на Јувентус во историјата на ЛШ во кој „старата дама“ немала барем двајца домашни играчи во својот стартен тим.
Единаесетте стартери на Јувентус вечерва доаѓаат од десет различни земји, а најмногу има Бразилци (двајца) – бековите Алекс Сандро и Данило. Покрај нив на „Ванда Метрополитано“ ќе истрчаат и Полјакот Шчешни, Холанѓанецот Де Лихт, Босанецот Пјаниќ, Французинот Матуиди, Германецот Кедира, Португалецот Роналдо, Колумбиецот Квадрадо и Аргентинецот Пауло Дибала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

