Со триумфот од 2-1 против Венеција во 35. коло од Серија А, Јувентус си ја осигура четвртата позиција на табелата која носи место во Лигата на шампионите следната сезона.
Секако, „Старата дама“ со најновите три бода останува се уште, барем теоретски, во трка и за шампионската титула во лигата.
Триумфот на денешниот дуел тимот од Торино го најави со голот на Бонучи уште во 7. минута од средбата.
Во второто полувреме, откако гостите израмнија со голот на Араму во 71. минута, веќе во 77. минута Бонучи со својот втор гол на натпреварот ги постави конечните 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА