Ако Јувентус „гази“ во Лигата на шампионите и има максимален број на победи, тогаш торинскиот клуб се „мачи“ во Серија „А“. Денеска на свој стадион, со играч повеќе, Јуве едвај стигна до победа од 1:0 над Фиорентина со гол буквално во судиското надополнување.
Стрелец на голот вреден победа беше дело на Квардадо пред последниот свиреж на судијата. Колумбиецот погоди од „мртов агол“, буквално од каде што најмалку се очекуваше.
Јувентус со тоа дојде до петиот триумф во сезоната, но и натаму е многу далеку од врвот на табелата, односно заостанува цели 13 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА