Јувентус синоќа ремизираше (1-1) против Севилја во Торино во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на Европа, спасувајќи се од пораз со гол во 97. минута.
Но, се чини дека Јуве беше и тоа како оштетен со недосуден очигледен пенал во 85. минута кога во противничкиот шеснаесетник беше дури и повреден Адриен Рабио.
Германскиот судија Даниел Зиберт, кој е познат по тоа дека се губи кога води потешки натпревари, очигледно ја заспа ситуацијата, но заспаа и во ВАР-собата според кои немало прекршок за пенал.
А, очигледно е дека дефанзивецот на Севилја, Лоик Баде со отворена нога го удира Рабио во момент на шут кон голот. Французинот остана да се превиткува во болка, но за Германецот и ВАР немаше пенал, иако беше очигледен.
И фотографијата од ногата на Рабио јасно потврдува дека судијата жестоко ја оштетил „Старата дама“.
Rabiot’s leg……if I speak…. pic.twitter.com/hV8rKoVRef
— Juventus News Live (@juvenewslive) May 11, 2023
Многу навивачи на тимот од Торино се убедени дека УЕФА бира начини да го казнува Јувентус како еден од потикнувачите на Суперлигата заедно со Реал Мадрид, и дека токму на вакви нешта се гледа тенденциозноста кон клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА