Раководството на Јувентус до крајот на преодниот рок ќе се обиде да најде фудбалер кој треба да го замени повредениот Пол Погба, пренесуваат италијанските медиуми. Французинот неодамна пристигна во Јувентус од Манчестер Јунајтед, но пред неколку дена го повреди менискусот на коленото.
Италијанскиот весник „Газета дело спорт“ тврди дека Погба ќе мора да оди на операција, поради што играчот на Јувентус го очекува пауза од најмалку четири месеци, иако најпрвин се мислеше дека паузата ќе биде максимум два месеци.
Поради ова, играчот за врска би можел да го пропушти Светското првенство во Катар, кое започнува на крајот на ноември. „Старата дама“ сега е во неволја бидејќи иако летово во истиот преоден рок го врати Погба, мора да бара замена.
Засега се шпекулира дека замена за Погба би можел да биде играчот на Атлетико, Саул Нигез, кој би пристигнал во торинскиот клуб на позајмица. Воедно, Јувентус ги продолжува и преговорите со ПСЖ за ангажман на Паредес, играч за кого „старата дама“ се интересираше уште пред да се случи повредата на Французинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА