Јувентус тргна по Роберт Левандовски

Јувентус веќе цела година бара врвен голгетер, а „црно-белите“ во последните неколку седмици тргнале во офанзива за потписот на Роберт Левандовски, кој според Спалети би бил идеално дополнување за актуелниот играчки ростер на „старата дама“.

На Јуве му недостига класична „деветка“ во ситуација кога и Влаховиќ е на излезна врата, и тоа како слободен играч по истекот на договорот на крајот од сезонава. Левандовски исто така ќе биде слободен играч летово, што ја олеснува задачата бидејќи нема да мора да се преговара со Барса, туку само да се убеди голгетерот да се пресели во Торино.

За Левандовски е сигурно само дека ќе ја напушти Барселона, Полјакот се уште се нема изјаснето дали ќе ја продолжи кариерата или летово ќе се пензионира.

Јувентус дефинитивно е сериозна опција ако се знае дека Левандовски веќе стави до знаење дека Саудиска Арабија не е атрактивна дестинација за него, но преселба во најтроејниот италијански клуб дефинитивно ќе го натера Полјакот да размисли, по Бундес-лигата и Примера да заигра и во Серија А пред да ги закачи копачките на клин.

Се вчитува...