Низ доминантна игра во текот на сите 90 минути, Јувентус ја оправда улогата на фаворит во дуелот од 1. коло во Серија „А“ против Комо, и го совлада со 3-0. Победата можеше да биде изразена со поголема разлика ако беа искористени неколкуте добри шанси, особено од Влаховиќ, кој двапати ја погоди стативата.
Мбандула во 23. минута му донесе радост на Јувентус и на неговите навивачи. После една украдена топка младиот Белгиец од 22-23 метри го совлада искусниот Рејна.
Тимоти Веа во првата минута од судиското надополнување од првиот дел со „бомба“ донесе предност од 2-0. Топката влезе во голот и излезе, по што судијата сигнализираше погодок за Јувентус.
Влаховиќ покрај двете стативи, постигна и гол кој му беше поништен, а потоа Камбиасо во финишот од средбата со прецизен удар донесе предност и од 3-0, што беше конечен резултат.
Ова беше деби за Тиаго Мота на клупата на Јувентус, и го стартуваше победнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА