Јувентус во офанзива по Заниоло

Јувентус планира да ја засили навалната линија, а на врвот на листата со желби кога станува збор за крилните офанзивци е Николо Заниоло. „Старата дама“ се интересираше за овој фудбалер и минатата сезона, но не успеа да се договори со Рома, по што Заниоло се пресели во таборот на Галатасарај.

Турскиот гигант во меѓувреме донесе неколку врвни засилувања за навалната линија (последните две се Тете и Заха), јасно ставајќи до знаење дека Заниоло веќе нема загарантиран првотимски статус во оваа екипа. Весникот „Фанатик“ објави дека преговорите меѓу двата клуба се веќе почнати, а Галата инсистира на отштета од 35 милиони евра. Првата понуда на Јувентус изнесувала вкупно 30 милиони евра, истата била одбиена, но кај двете страни постои интерес за нова рунда разговори што би донеле целосен договор.

Јувентус се наоѓа во сериозна финансиска криза и ќе мора најпрвин да продаде дел од своите фудбалери пред да може да го доведе Заниоло. „Старата дама“ е на добар пат да го испрати Закарија во Монако за 20 милиони евра, а Јуве инсистира и на 40 милиони евра доплата од Челси во размената Лукаку за Влаховиќ.

Се вчитува...