Јувентус е заинтересиран за голманот на Барселона, Марк-Андреа тер Штеген. Германскиот голман на Ноу Камп стигна во 2014 година каде демонстрира одлични партии. Сето тоа повеќе од доволно за „Старата дама“ која го посакува во своите редови.
Тер Штеген сигурно нема да се согласи на сценарио според кое би ја делел својата минутажа со друг голман, што ја компликува ситуацијата со оглед на тоа дека Јуве неодамна го продолжи договорот со Шчесни.
28-годишниот Германец израсна во еден од најдобрите светски голмани. Договорот со Барселона му е до 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

