Барем една добра вест за Јуве по дебаклот во Истанбул

Јувентус претрпе убедлив пораз од Галатасарај на првиот меч од 1/16 финалето во Лигата на Шампионите, но уште поголем проблем од резултатот за тренерот Спалети претставуваше повредата на Бремер.

Најдобриот дефанзивец на „старата дама“ пред неколку месеци се врати по тешка повреда и дефанзивата на „црно-белите“ веднаш се крена на повисоко ниво. Тоа беше очигледно и на вчерашниот дуел во Истанбул, на кој по излегувањето на Бразилецот од игра неговиот тим прими дури четири погодоци.

Во таборот на Јуве стравуваа од кинење на мускул што ќе значеше пауза од најмалку еден месец, но деталните прегледи донесоа добра вест за „старата дама“. Повредата не е сериозна и Бразилецот ќе мора да одмори следните 48 часа. Потоа ќе бидат извршени нови прегледи, но Бремер не е отпишан за наредниот меч со Комо, директен ривал за место кое води во ЛШ следната сезона.

Се вчитува...