Јувентус убедливо против мароканскиот Видад (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус ја запишаа и втората победа, овој пат над мароканскиот Видад со 4-1 во второто коло од Групата Г на Светското клупско првенство.

„Старата дама“ на стартот беше убедлива против Ал-Аин победувајќи со 5-0, додека Манчестер Сити (2-0) беше пресилен за Видад.

Денеска, Јувентус победата ја најави уште во првото полувреме со автоголот на Боутуил уште во 6. минута, а Јилдиз во 16. минута зголеми на 2-0. 

Откако Јорч намали на 2-1, Јилдиз со својот втор гол, а на асистенција на Коло Муани, во 69. минута зголеми на 3-1.

Конечните 4-1 ги постави српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ со голот во 94. минута.

Се вчитува...