Јувентус уште денеска ќе му врачи отказ на Алегри?

Иако пред два дена со неговиот Јувентус го подигна трофејот во Купот на Италија, Масимилијано Алегри уште денеска може да го добие епитетот „поранешен“. Искусниот италијански стручњак ќе добие отказ што поради слабите резултати во првенството, што поради неговото недолично однесува токму за финалниот меч против Аталанта, во кој неговиот тим славеше со 1-0 со голот на Влаховиќ.

Алегри на тој натпревар се однесувал скандалозно, ги навредувал своите играчи, се заканувал на судиите, по што доби суспензија од два натпревари. Со оглед дека нема да може да ја води екипата до крајот на сезоната, Јувентус во следните часови ќе разговара за иднина на Алегри.

Според информациите од Италија, прашање е само дали Алегри ќе добие отказ уште денеска, или, пак, тоа ќе се случи после последното коло во Серија „А“ на 26. мај. Информациите се дека сигурно Алегри ќе стане поранешен и дека можно е уште денеска да не биде повеќе дел од „Старата дама“, а тимот во последните две кола и на натпреварите со Болоња и Монца да ја води некој од помошниците.

Се вчитува...