Јувентус е заинтересиран во своите редови да го доведе Јури Тилеманс од Лестер. Белгискиот играч се најде на „мета“ на „Старата дама“ поради тоа што на Адриен Рабио му истекува договорот на крајот од сезоната. Французинот не сака да потпише нов договор со Јуве, па од тука се подготвува негова замена.
Тилеманс исто така има договор до лето, се претпоставува дека двете страни во јануари ќе влезат во преговори. Ниту Тилеманс не сака да го продолжи договорот со Лестер.
Тилеманс од Андерлехт, преку Монако стигна во Лестер во 2019 година. Важи за еден од најдобрите играчи на Лестер. За „лисиците“ Тилеманс одигра 176 натпревари и постигна 28 голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА