Јувентус во летна офанзива по Тонали

Не само во Англија, туку и во Италија сè погласно се зборува за иднината на играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали. Откако на самиот крај од зимскиот преоден рок се појавија шпекулации за можен трансфер на италијанскиот репрезентативец во Арсенал, денес реномираниот италијански весник „Газета дело Спорт“ објавува дека Тонали е една од главните трансфер-цели на Јувентус за летниот период.

Според весникот, шансите Јувентус да го ангажира поранешниот фудбалер на Милан значително ќе се зголемат доколку Њукасл не обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Такво сценарио во моментов изгледа извесно, со оглед на тоа што англискиот клуб се наоѓа на 11. место во Премиер лигата и заостанува седум бодови зад петтопласираниот Челзи. Во таков случај, Њукасл би можел да биде приморан да се раздели со една од своите ѕвезди со цел да ги исполни правилата за Финансиски фер-плеј.

Од друга страна, доколку „бјанконерите“, кои моментално се наоѓаат на четвртата позиција во Серија А, обезбедат настап во Лигата на шампионите и воедно се ослободат од играчи кои не се во прв план, како Луис Опенда, клубот би имал финансиски капацитет да реализира ваков трансфер.

Се вчитува...