Јувентус во новата сезона нема да смета на услугите не Хуан Квадрадо кој заминува од тимот со истекот на договорот на крајот на месецот. Колумбиецот добил понуда за продолжување на договорот од страна на раководството на „старата дама“, но истата ја одбил со цел да ја промени средината, откриваат италијанските медиуми.
Сега 35-годишникот беше дел од Јувентус од 2015 година кога пристигна во Торино како позајмен играч од Челси. На позајмица се задржа две сезони по што неговиот договор беше откупен од италијанскиот тим за кој запиша 314 настапи.
Интерес на Квадрадо кој во минатото ги бранеше боите и на Индепендиенте, Удинезе, Лече и Фиорентина покажаа Фенербахче и Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА