Засилувањето на одбраната ќе биде приоритет на Јувентус во зимскиот преоден рок, а италијанските медиуми најавуваат дека директорот Џунтоли планира да му донесе двајца нови фудбалери за овој дел од тимот на тренерот Тијаго Мота.
Првиот е Милан Шкринијар од ПСЖ,а покрај словачкиот репрезентативец „старата дама“ тргна да го ангажира и Фикајо Томори од редовите на Милан. Англискиот интернационалец долго важеше за лидер на одбраната на Милан, но по одбивањето да потпише нов договор тој сега е достапен за трансфер.
Милан го проценува овој фудбалер над 30 милиони евра, но проблем е што Јуве моментно нема буџет за скапи засилувања. Затоа, првата понуда се однесува на позајмица на шест месеци, со клаузула за откуп во текот на летото 2025. На потег се челниците на Милан, кои ќе треба да пресечат дали сега да го продадат Томори, или да чекаат до летото, за кога постои ризик цената на дефанзивецот дополнително да се намали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА