Јувентус во офанзива по Карим Адејеми

Јувентус е далеку од посакуваното ниво на стартот од подготовките, а тренерот Тијаго Мота јасно ставил до знаење дека ќе му се неопходни дополнителни засилувања во тимот.

Копмајнерс треба да го освежи средниот ред на „старата дама“, а директорот Џунтоли веќе почнал и преговори за засилување на офанзивната линија со Карим Адејеми. Овој фудбалер покажал желба да се пресели во Јуве, прифаќајќи ја понудата за загарантирани четири милиони евра по сезони.

Џунтоли веќе ги почнал и преговорите со Борусија Дортмунд, нудејќи вкупно 45 милиони евра за овој фудбалер. Од оваа сума, 35 милиони евра се загарантирани, пет милиони се врзани со неколку лесно достижни клаузули, а останатите пет се нешто потешки за реализација.

Останува да се види одговорот на „милионерите“, но се очекува Јуве да не се откаже и во наредните денови да изврши дополнителен притисок за што поскоро да го комплетира овој трансфер. Адејеми би пристигнал во Јувентус на местото на Федерико Киеза, кој се наоѓа на излезна врата од најтрофејниот италијански клуб.

Се вчитува...