Италијанскиот првак Јувентус повторно е активен на трансфер пазарот и размислува за ново засилување во зимскиот преоден рок. Тренерот Масимилијано Алегри сака да донесе замена за Емре Џан, чија повреда се покажа како посериозна и ќе отсуствува од терените подолг период. Прв „пик“ е Муса Дембеле, белгискиот интернационалец од редовите на Тотенхем.
Тој по завршувањето на сезоната ќе биде слободен агент и Јувентус сака да ја искористи оваа поволност за да го доведе во Торино за релативно мала сума. Алегри смета дека Дембеле може да биде значајно засилување за средниот ред на „старата дама“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА