Јувентус во офанзива по Сандро Тонали

Јувенту подготвува зимска офанзива за во своите редови да го доведе Сандро Тонали, италијанскиот репрезентативец кој е стандарден во дресот на Њукасл по повеќемесечната суспензија поради обложувачкиот скандал во кој беше вклучен поранешниот фудбалер на Милан.

Информациите од Англија говорат дека Тонали е несреќен на „островот“ и веќе изразил желба да се врати назад во татковината, а од Њукасл му порачале дека доколку пристигне интересна понуда, истата ќе биде сериозно разгледана. Тренерот Мота веќе побарал од директорот Џунтоли ново засилување за средниот ред на Јуве, а извори блиски до управата на Јувентус тврдат дека „старата дама“ е подготвена да издвои 55 милиони евра за да го доведе поранешниот играч на Милан во своите редови.

Јуве планира да ги обезбеди овие средства од продажбата на Фаџоли и на Кенан Јилдиз, со што би останале и пари за позајмица на нов дефанзивец, уште еден од приоритетите на Мота. Се очекува Јувентус во своите редови во јануари да го доведе Милан Шкринијар, откако словачкиот интернационалец не се снајде во ПСЖ и се наоѓа на трансфер-листата на францускиот првак за претстојниот преоден рок.

Се вчитува...