Јувентус во офанзива по Жером Боатенг

Јувентус до крајот на преодниот рок, ќе се обиде да го доведе дефанзивецот на Баерн Минхен, Жером Боатенг. „Старата дама“ по нејзин рецепт планира да го позајми Боатенг, а потоа да исплати одредена сума една сезона подоцна за неговите услуги.

Италијанскиот шампион се уште не обезбеди замена за Бонучи, но се надеваат дека со „баварците“ ќе најдат „заеднички јазик“ околу ангажманот на еднократниот светски првак. Јуве и Баерн се во добри односи во последно време кога станува збор за меѓусебни трансфери, пример за тоа се Артуро Видал, Кингсли Коман, Даглас Коста, Мехди Бенатија…

Германскиот репрезентативец наводно изрази желба да го смени клубот, откако неговото место во стартните 11 кај Анчелоти е под знак прашалник. Италијанскиот стратег во првото коло од Бундеслигата започна со Хумелс и Шуле, а Боатенг е премногу искусен за да биде замена за младиот германски стопер.

Поранешниот фудбалер на Сити бара тим во кој со сигурност ќе биде стартер, и така да го обезбеди местото во репрезентацијата на „панцерите“, за СП во Русија кое ќе се одржи следната година.

Се вчитува...